0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

ПОДГОТВЕНА ЛИ Е ВАШАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ОПТИКА?

Фибер оптичката технологија доживеа огромен пораст изминативе неколку години и може да се сретне во многу интересни аспекти на секојдневниот живот. Додека се повеќе и повеќе луѓе слушаат и дознаваат за фибер оптичката технологија, малку од нив се запознаени што всушност претставува фибер оптичкото структурно каблирање. Оптичките влакна се долги и тенки нишки изработени од чисто стакло, чија дебелина е идентична на човечката коса. Неколку споени оптички влакна, претставуваат оптички кабел кој служи за пренесување сигнали на големи растојанија.

man working in network server room with Fiber Optic cables connected to optic ports and UTP

Имено, оптичката инфраструктура во моментов е главен фактор во телекомуникациската инфраструктура. Оптичката инфраструктура има можност за пренос на голем обем на пренос на податоци и низок фактор на слабеење на сигналот, што ја прави идеална за пренос од гигабитни размери, па дури и повеќе од тоа. Но, што е всушност големата предност во однос на другите медиуми за поврзување на интернет.

Фибер оптика – бакар – кабел
Најголемиот претходник за жичано поврзување во канцелариите, несомнено се бакарните кабли. Повеќе од еден век, бакарните кабли се користеа за пренесување глас, сигнали и друг тип на податоци, но тие нудат многу граничен опсег за пренос на денешните „тешки“ податоци и функции.
Кабелскиот интернет, пак, често пати луѓето го мешаат со оптика. Тој всушност претставува коаксијален кабел со кој се поврзува ТВ уредот. Квалитетот на ваквиот тип поврзување не зависи од должината на кабелот и брзината на пренос е задоволителна. Како и да е, иако овој тип на поврзување се користи многу често во денешно време, сепак сигурноста на преносот не е како онаа кај оптичките кабли.
Најголемата предност на оптичките кабли, во однос на бакарните и коаксијалните кабли, е секако недостижната брзина на пренос на податоци. Споредено со нив, фибер оптичкото поврзување има помала веројатност од губење на сигналот и при пренос на податоци на поголемо растојание. Според научните истражувања, при комуникациска врска поголема од 100 метри, оптичкиот кабел има само 3% шанса за загуба на сигналот, додека пак, бакарниот кабел има дури 94% шанса за загуба. Од друга страна, кабелското поврзување со коаксијален кабел располага со мали брзини при upload, која може да биде значително помала од препорачаната во зависност од регионот во кој се употребува.
Друга голема предност на оптичките кабли во однос на бакарните и коаксијалните, е нивната отпорност на електромагнетна интерференција. Несоодветно инсталиран бакарен кабел, може да произведе електромагнетно поле кое може да интерферира со друг бакарен кабел, што на крај ќе резултира со сериозни проблеми во мрежната врска. Откако фибер оптичките кабли не се спојуваат по електричен пат, тие не претставуваат сериозна опасност по животната околина и не можат да бидат причинители на пожар.

Придобивки од фибер оптичките кабли
Денес, скоро секоја мрежна комуникација содржи фибер оптика, првенствено поради тоа што е погодно и евтино решение. Бројот на физички и правни корисници е во постојан пораст. Тоа придонесува за пораст на брзината на пренос на податоци преку фибер оптика и до илјадници килобајти во секунда. Згора на тоа, зголемувањето на побарувачката за физичките кабли и интернет мрежи, резултираше со намалување на трошоците и физичкиот простор потребен за инсталација на истите. Во двата случаи, фибер оптиката е далеку посупериорна споредено со бакарните и коаксијалните кабли.
Високата ефикасност и малите трошоци за фибер оптичко структурно каблирање, исто така придонесе до зголемена замена на бакарните инсталации под земја и вода, а воедно значително се подобри квалитетот на далечинскиот пренос на податоци. Дополнително на ова, фибер оптичките системи се многу полесни за одржување и замена, кога тоа ќе биде потребно. На нив не им влијае брзината и обемот на пренос, чиј главен проблем е на бакарните и коаксијалните кабелски инфраструктури. И покрај многубројните придобивки, оптичката инфраструктура сеуште е во подем и се очекува да расте и да се развива се повеќе во наредните години. Продолжете да истражувате и да ја разгледувате најповолната опција за вас. Можеби токму сега е вистинско време да се префрлите од DSL или кабелска врска на фибер оптичка комуникација.

Тимот специјалци на FIBERNET M-K ќе ја заврши миграцијата од кабел на оптика. Ваше е само да нè побарате. Ве охрабруваме да го сторите тоа уште веднаш!

mk_MK