0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

КОЛКУ Е БЕЗБЕДЕН ВАШИОТ ПРОСТОР? ФИБЕРНЕТ М-К со најдобри решенија за заштита од пожар, но и совети како да постапите во ваква ситуација

КОЛКУ Е БЕЗБЕДЕН ВАШИОТ ПРОСТОР? ФИБЕРНЕТ М-К со најдобри решенија за заштита од пожар, но и совети како да постапите во ваква ситуација

Секој од нас верува дека никогаш ништо лошо нема да му се случи, но животот е непредвидлив и затоа треба да бидете подготвени за тоа.

Во денешно време никој не може да ја гарантира безбедноста од несакани непогоди.

Во време кога технологијата го достигнува својот врв, користиме енормно голем број електронски уреди во нашето секојдневие. Колку е поголем нивниот број, толку е поголем бројот на потрошувачи на електрична енергија.

Тие може да бидат директна или индиректна опасност од пожар.

Често пати, причина за пожар може да биде и самата електрична инсталација, а најчесто човечкиот фактор.

Во продолжение неколку совети како да постапите во случај на пожар:

-Одлучете кој излез е вистинскиот за вас

-Следете ги правилата за однесување во толпа, прекрстете ги рацете на градите, додека дланките ви се ставени на рамениците – вака ќе можете да дишете во случај на рушење на објектот.

-Во екстремни случаи кога не можете да се евакуирате, одете во тоалетот и оставете некое парче облека на кваката однадвор за пожарникарите да знаат дека таму има некој.

-Користете ги прозорците соодветно, односно ако сте на повеќе од 5 метри висина опасноста е голема, но сепак до 9 метри висина стапката на преживување е голема, над 9 метри – не размислувајте на скокање.

Во соба исполнета со чад движете се допирајќи ги ѕидовите за навигација, а најважно е да ставите влажно парче облека на устата.

Ако ви гори облеката, легнете на подот и превртувајте се.

Сепак, независно од што може да настане пожарот, најдобрата заштита од него е негова детекција и дојава уште во почетна фаза.

Затоа ние во ФИБЕРНЕТ М-К ги нудиме следниве производи за противпожарна заштита за домашни и бизнис корисници:

– Централи за детекција и дојава на пожар
(конвенционални и аналогни)
– Детектори на чад и оган
– Периферни додатоци
– Противпожарни сирени
– Противпожарни аларми
– Системи за рачна дојава на пожар

Во прилог на широкиот спектар производи за заштита од пожар, нудиме портфолио на производи чии главни предности се:

– Докажан квалитет
– Одлични перформанси
– Интуитивно програмирање
– Оптимизиран дизајн
– IP конективност

ФИБЕРНЕТ М-К користи производи и решенија на реномираниот бренд OLYMPIA ELECTRONICS.

mk_MK