КАКО ЕНЕРГИЈАТА ГО ПРОМЕНИ ЛИЦЕТО НА МОДЕРНАТА ВОЈНА
Во 18 век, војувањето се смени засекогаш. Прво биле витези со оклоп и копје, потоа мускетари, па артилерија и пешадија итн. Армиите користеле барут како ефикасно средство за уништување на непријателот од далеку. Иако првите мускетари имале ограничување во војувањето, огненото оружје дозволило некој да стане поефикасен војник со многу помала обука. За разлика од тоа, за да се постане витез или ловец, требало да се поминат години обуки за совладување на вештините. Денес, времето создаде нов приод кон војувањето.

Принц или крал – директорите на минатата ера – препознавајќи ја слабоста кај непријателот, побрзо се здобивал со предност над него. Неутрализираните промени се присутни во секоја ера. Се менуваат основните сили на општеството, индустријата или бизнисот. Во модерните времиња имаме многу примери на индустрии кои се подложени на непотребни промени – компјутери, телекомуникации лекови, весници и музика.
Прашањето со кое се соочуваат денешните директори можеби не е прашање на живот или смрт, но сепак е поврзано со деловното преживување – која е следната голема слабост и кога е вистинското време да се дејствува?
Историјата е оптеретена со неуспесите на компаниите кои не ја виделе слабоста или промените на технологијата: Kodak и дигитализацијата на камерите, BMG и дигитализацијата на музиката, влегувањето на Dell во печатарската технологија и заканата што ја претставување на HP. За среќа, историјата потсетува и на успехот на оние кои смело „јаваат“ на ветрот на промените: Apple со својот iPod, General Electric, SAP, Oracle и многу други.
Постојат огромни награди за препознавање на индикаторите на промените проследени преку една обична низа на водење борба, соочување со неуспех и на крај пронаоѓање излез.
Но, што всушност е следната голема промена, за некого слабост?
Бизнис лидерите во секоја индустрија имаат моќен интерес да пронајдат што ќе бидат следните промени. Дали општеството ќе „западне“ во електронски книги? Дали VoIP ќе доминира во телекомуникациската индустрија? Дали CD колекциите ќе бидат отфрлени во корист на дигиталниот свет?
Ова се важни прашања, но тие се во втор план наспроти вистинската промена што допрва доаѓа. Упатствата за оваа промена се буквално околу нас – во воздухот, под нозете, во нашата вода… Единствено најважно прашање на нашата генерација не е само закана за тоа денес како се развива бизнисот, туку претставува закана за нашето општество, економија и здравје.
Ако погодувате, се работи за околината!
Едновремено актуелна за поедини групи за денес да стане огромно прашање за сите што живеат во светот. Во денешниот свет, ниту една компанија која работи на локално или глобално ниво, голема или мала, не смее да си дозволи да ги игнорира проблемите со животната средина. Особено не оние од производната индустрија и услужната дејност.
Некои може да полемизираат за причините за климатските промени и за улогата што ја играат луѓето, но од бизнис гледна точка нема сомнение дека животната средина брзо станува движечка сила зад јавните, владините и економските активности ширум светот.
Кратко кажано, животната средина е најновата технолошка промена што ни се случува во моментов.