0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

ИНДУСТРИСКИ ПРОМЕНИ И ДИЗАЈН ПРЕДВИДУВАЊА

Понекогаш, и најпаметните и најиновативни мислители можат да направат фантастични погрешни предвидувања. Така, во 1878 година, електро инженерот Sir William Preece, изјавил дека телефонијата никогаш нема да ги остави без работа тогашните разнесувачи на пораки. Во 1946 година, Darryl Zanuck како извршен директор на продукцијата 20th Century Fox во тој период, тврдел дека на луѓето многу бргу ќе им стане здодевна телевизијата. Ова го изјавил по шестиот месец од постоењето на продукцијата на пазарот. Во 1977 година, пак, инженерот и претприемач Ken Olsen, рекол дека не постои реална причина која ќе ги натера луѓето дома да поседуваат компјутер. Секако тогаш не мислел на денешните IoT (Internet of Things) домашни уреди, за кои исто така не би бил во право. Во моментов има мноштво од нив.

Ставајќи се себе си надвор од технолошките достигнувања е преголем ризик во денешно време. Ако погледнеме што се случува со технологијата денес, па и во поблиска иднина, невозможно е да останеме рамнодушни. Еве зошто.

man working in network server room with Fiber Optic cables connected to optic ports and UTP

Виртуелната реалност ќе има големо влијание врз градежната индустрија
Виртуелната реалност (VR, Virtual Reality) како брзорастечки тренд, според истражувањата покажува најголем ефект во градежната индустрија. Имено, таа на градежните инженери им дава поголема и поверна ситуација, за разлика од она што можат да го воочат од градежните скици. Благодарение на VR, генералните подизведувачи ќе можат да влезат на работното место и да видат како би изгледала градежната состојба за целата наредна недела. Еднаш кога ќе пристапат до податоците, тие ќе бидат во можност да ги воочат фактичките состојби, разликите, можните промени во координатите и слично, пред да биде завршена тековната градба. Работниците, пак, ќе можат исто така преку виртуелната реалност да прават практични изведби. Резултатот од користењето на виртуелната реалност во градежната индустрија, ќе значи масивна заштеда на време и пари, како и превенција на грешки и незгоди.

man working in network server room with Fiber Optic cables connected to optic ports and UTP

Машинското учење ќе ја подигне креативноста и дизајнот на производот на повисоко ниво
Надградувањето и учењето на машините е експоненцијално со развојот на технолошките стандарди и новитети. Како што е научните овозможиле стимулација на човечкиот мозок да ги разбие лажните спомени во синтетичка смисла, така е возможно да се интегрираат „неврони“ во софтвер за да се открие објект што никогаш не бил измислен.
Пример за ова е проектот Design Graph на Autodesk, за минимизирање на огромни количини податоци, преку препознавање на врските помеѓу деловите (како што се запчаници, завртки, навртки, шрафови), со групирање на заеднички делови по облик и креирање на релевантни препораки за истите. Развивањето и обучувањето на овој софтвер, создало кај него способности за препознавање на нештата, на начин сличен на оној на функционирање на човечкиот мозок. Исто како што луѓето можат да разликуваат помеѓу куче и маче, таквата способност постои и во софтверот.

man working in network server room with Fiber Optic cables connected to optic ports and UTP

Сензор роботите ќе го направат производството побрзо и попрецизно
Корисничките IoT уреди, можат да бидат пренатрупани со опции. Зошто би ви бил потребен тостер кој може да се поврзе со вашиот смартфон, кога обичен тостер со симболична цена, ќе ја заврши истата работа солидно. Во блиска иднина IoT уредите ќе имаат големо влијание во индустриската роботика.
До сега, роботите биле комплетно „слепи“ , извршувајќи исти или слични задачи како луѓето, со задоволителен квалитет за светскиот пазар. Но, отсега роботите во производството треба да бидат пофлексибилни и полесно прилагодливи на различни ситуации.
Најважните работни задачи ќе станат незамисливи без сензор роботите. Нивното подобрување ќе се однесува на тоа што тие ќе може да ја препознаваат околината и преку менување на програмите ќе се одбегне повторувањето на исти грешки. Applied Research Lab на Autodesk исто така работи на создавање и подобрување на роботи кои работат со цели, а не задачи. Во секој момент на печатење, се мери колку добро се остварува целта и може да се направи корекција доколку е потребно.
Друг лабораториски робот може да одбере некоја нова работа што ја нема искусено претходно, да создаде „опција“ и да го одреди најзагрозениот дел. Ако не успее, во следниот чекор учи на своите грешки, се додека не го реши проблемот. На тој начин се запаметуваат направените процеси, па така во секој нареден чекор на учење, не се повторува претходно направената грешка.

man working in network server room with Fiber Optic cables connected to optic ports and UTP

Генеративен дизајн и симулација можат да предвидат можно производство
Со генеративниот дизајн и процесот на симулација, може да се дознаат сите можни опции за производство. Сите пронајдени опции се тестираат компјутерски, за истите да може да се земат во процесот на производство. На пример, компанијата Airbus користи генеративен дизајн за креирање на партиција, која ги двои делот за пилоти од делот за патници. Ваквата партиција, е за 45% полесна од стандардните конвенционални партиции кои се користат во авионската индустрија. Од генерираните 10.000 дизајн опции креирани преку генеративен дизајн, тимот на Airbus одбира неколку за сеопфатно тестирање преку користење на симултан софтвер. Резултатот е звучно изолирана и лесна партиција која може да биде произведена без грешка.
Овој процес, не само што заштедува време и пари, туку значително ќе ја подобри животната околина. Доколку нарачаните 2000 парчиња Airbus A320 ја имаат вградено оваа партиција, тоа може да ги намали емисиите на CO2 од стотици илјадници метрички тони секоја година.

man working in network server room with Fiber Optic cables connected to optic ports and UTP

Создавање подобри работни места генеративен дизајн и сеопфатните податоци
Генеративниот дизајн најпрво ќе ја погоди производната индустрија, каде што времињата на циклус од почеток до краен производ се многу кратки. Постои простор и архитектите да користат генеративен дизајн за да ги истражат целите, ограничувањата и исходите. Пример за ова е како компанијата Autodesk и архитектонското студио The Living пријдоа до градење преку MaRS. Прво, се истражуваат вработените за да се дознаат подобро нивните потреби за колаборација, приватност и многу повеќе од тоа. Базиран на мноштво податоци, генеративниот дизајн преку алатки креиран повеќекратен план со многу опции од илјадници конфигурации. Градење ориентација, фенестрација и сенка, и број на спратови се аспектите чии импликации биле истражени. Но, што ја подобрува продуктивноста на вработените во зградата? Одговорот лежи во мапирањето на податоците. Тоа е добиено од истражувањата кои покажуваат човечки преференции (кои се разликуваат од личност до личност) со компјутерски извршени пресметки. Овој пристап значи испитување на длабока динамичка ситуација со повеќе цели.

man working in network server room with Fiber Optic cables connected to optic ports and UTP
mk_MK