ДИГИТАЛНА ДИСТРИБУЦИЈА НА НАПОЈУВАЊЕ ВО ДИГИТАЛЕН СВЕТ
Вмрежување што едноставно работи
Причината поради која ги нарекуваме нашите панели „смарт панели“ е бидејќи тие му овозможуваат на целиот ваш електричен систем да комуницира со вас на интелигентен начин. Пред постоењето на дигиталното напојување можеби сте се нашле во состојба на искусување на алармантна состојба без веднаш да знаете каде се наоѓа проблемот или како да го разрешите. Сега, пораки кои пристигаат во живо ве информираат за сите прецизни напонски преоптоварувања и неефикасности, а вие знаете кои одлуки треба да ги донесете за проблемот да биде разрешен што поскоро.
Со вмрежени т.н. „паметни аларми“ можете да го утврдите статусот во истиот момент кога ќе се пројави проблемот и инстантно да го знаете предизвикателот – било тоа да е прецвикана жица, состојба на прекумерен напон итн. Дополнително на вашиот мобилен уред се прикажани чекор по чекор инструкции за тоа како да го разрешите проблемот. Пред дигиталното напојување, се наоѓавте во темница – метафорично и буквално.
Студија на случај
Моќноста на оваа зголемена поврзаност на уредите се огледува во претходно недофатливото ниво на контрола. За илустративен пример ќе ја земеме пекарата Maison Manival” од Франција. Традиционалниот начин на приготвување на вкусните печива во оваа пекара беше трансформиран при спојот со технологиите на Schneider. Дигиталната инфраструктура на напојувањето ги штити електричните фурни и фрижидерите, бидејќи иситите се најбитни за непреченото функционирање на бизнисот. Сопственикот Stéphane Massonat ги добива сите известувања поврзани со работењето на опремата на апликација на својот мобилен уред, и во секое време може да биде известен доколку некаков проблеми искрсне. Со напредните технологии на Schneider, сега Stéphane може да посвети повеќе време на своето хоби и да биде сигурен дека ќе биде известен за сите евентуални проблем штом се случат, додека ужива во планинските убавини на француските Алпи.
Одржување базирано на тековна состојба
Дигиталната дистрибуција на напојувањето не ги подобрува само оперативните активности во секојдневието на претпријатието, туку дополнително влијае позитивно врз долгорочната состојба на зградата.
Вмрежувањето и предвидливата аналитика го заменуваат стариот начин на одржување на објекти, кој е базиран на арбитрарни распореди за одржување и го заменуваат со нов начин на одржување, кој се заснова на тековната состјоба и ви дозволува да превземете акција штом се појават одредени ризични знаци или прекини на напојување.
На пример, ако еден мотор во HVAC единицата оперира на зголемена температура, EcoStruxure Facility Expert системот ве известува и вие можете да го разрешите овој проблем пред да престане да функционира. EcoStruxure Facility Advisor системот ги користи измерените податоци од вашиот објект и ве снабдува со предвидливи аналитики.
Подобрување на енергетската ефикасност
Онаму каде што постои вмрежување, постои и можност да се подобри и енергетската ефикасност. Сопствениците на објекти и менаџерите на истите можат детално да го следат користењето на енергитјата и да ги идентификуваат потенцијалите за енергетски заштеди.
Ефективен партнерски екосистем
Стратешкиот партнер на Fibernet – Schneider Electric смета дека екосистемот од системски интегратори, инсталатори и EcoXpert-и е од огромно значење.
Schneider култивираат соработка и пристпаност до иновации ширум овој екосистем. Овој пристап нуди прифатливи трошоци за нашите клиенти и овозможува градење на партнерства помеѓу клиентите и локалните стратешки партнери на Schneider Electric.
Промена кон подобро
Јасно е дека дистрибуцијата на напојувањето во објекти од сите видови и големини е во фаза на значителна и неповратна промена. Како технолошки лидери во IoT околината Schneider се задоволни со уделот што го имаат во редефинирањето на индустријата на напојување, во полза на новиот IoТ модел што е многу поефикасен и респонзивен на настани кои се случуваат во моменот.