Базна Станица – Желино
Покривањето на одредено географско подрачје со сигнал од некоја мобилна мрежа се остварува преку инсталирање на базни станици. Секоја базна станица покрива одредена територија. 💫 Сигналот заради својата фреквенција и моќност, не може да помине низ големи природни препреки (планини, ридови, долини, клисури) или пак низ згради направени од бетон и железо и сл. Од таа причина тимовите на Фибернет инсталираат базни станици на различни локации, со цел зајакнување на мрежата. Следејќи ги потребите на модерното живеење, уште една компанија се опреми со антена, со цел подобрување на комуникациските услуги. Еуровиа е корпорација составена од 9 сектори, со над 200 вработени. За поедноставување и усовршување на нивното работење Фибернет изврши инсталација на базна станица на кровот на објектот. 📡