БАНКИТЕ СЕ НА ПАТ ДА СТАНАТ ДЕЛ ОД 10-ГИГАБИТНОТО ОПШТЕСТВО
Банките, осигурителните компании и другите компании кои нудат финансиски услуги ќе мора да ги обноват своите ИТ системи во наредните неколку години за да бидат опремени за дигиталното време кое се повеќе владее денес. R&M има проактивно развиени решенија за специфичните барања на финансискиот сектор. Тука спаѓаат системи за висококвалитетни кабли за канцеларии, згради и дата центри, како и стручна техничка поддршка. Услугата се движи од планирање и логистика преку монтажа и прилагодување, па се до тестирање и сертифицирање на мрежи.
Многу банки и осигурителни компании во Азија и Блискиот Исток веќе се опремени со најсовремени мрежни решенија. Во Индија, пазарот на LAN каблирање неодамна беше сведок на двоцифрен раст, особено поради тоа што финансиските институти ги надградуваат своите мрежи. Инвестицискиот бум е голем на хоризонтот во Европа. Во светот, ИТ инвестициите во финансискиот сектор се зголемија за повеќе од 5% во 2017 година. Истражувачите на пазарот прогнозираат обем на инвестиции во светот во износ од 519 милијарди долари за 2018 година – што значи зголемување од 4,1%.
Давателите на финансиски услуги моментално се фокусираат на модернизирање на информатичките сектори. Само новиот софтвер и ИТ хардвер нема да бидат доволни. Мрежите во канцелариите и центрите за податоци честопати се стари со децении. Пазарот и експлозијата на глобалниот сообраќај на податоци, ќе ги натера давателите на финансиски услуги да размислуваат за повисоки категории на пренос на податоци и фундаментално нови LAN инфраструктури. R&M смета дека долгорочните барања за пропусен опсег, простор и приспособливост се занемаруваат кога станува збор за планирање на инвестиции. Банките кои денес инвестираат во сигурна иднина и мрежна технологија, ќе заштедат подоцна кога станува збор за скапите реновирања. Агилноста и приспособливоста на мрежите се од суштинско значење за да можат да понудат иновативни услуги во секое време и да се приклучат на нови пазари.
Денешните главни критериуми кои играат одлучувачка улога кога станува збор за мрежно планирање се:
– Построги барања за безбедност, ризик и усогласеност
– Иновативни апликации како што се големи податоци, виртуелизација, вештачка интелигенција, cloud computing, мобилно банкарство, концепти за децентрализирани трансакции
– Конкуренција и интернет групи
– Големите очекувања на клиентите кои бараат сигурни и безбедни услуги во реално време достапни насекаде.
Не постои начин банката да ги задоволи идните барања со конвенционалните статични мрежи во канцеларијата. До денес, LAN беше често дизајниран да се справи со не повеќе од 1 Gigabit Ethernet. Денес е потребна преносна изведба од 10 Gigabit Ethernet, односно десет пати поголема. Кај дата центрите, треба да се обезбедат уште поголеми нивоа на изведба. Kомуникацијата со високи перформанси станува критичен корпоративен фактор за банките. Мобилните и фиксните работни места, тимовите кои работат на повеќе локации, виртуелните апликации и мултимедијалните визуализации мора да бидат способни брзо да се поврзат.
Со оглед на долгорочното планирање на банките и осигурителните компании, R&M советува дека LAN треба да се планира со најголема можна моќ. Кабелските системи треба да ги поддржуваат новите апликации и опрема за околу 20 години. Tие треба да бидат дизајнирани на модуларна основа, така што тие ќе можат да бидат проширени или надградени во секое време на принципот за приклучување. Можеби изгледа помпезно потребата од LAN со брзина од 10 GbE, но перформансите во денешно време се потреба, а не луксуз.
R&M ги советува финансиските институти за барањата и критериумите за мрежно планирање. Заедно со просторот за повисок пропусен опсег и пренос на податоци без одложувања, безбедноста најмногу ги загрижува банките. Максималната безбедност веќе може да се интегрира на ниво на конектори на пример. Меѓу другото, R&M обезбедува и заштита со Firewall. Системот за три нивоа ги штити врските од неправилно работење и манипулација. Системот за управување со инфраструктурата R&MinteliPhy ги следи мрежите во реално време и на лице место и далечински ја автоматизира потребната мрежна документација.
R&M го поддржува финансискиот сектор со специфични решенија за структурно каблирање во административни објекти и дата центри. Компанијата нуди достапни брошури и најнови информации за мрежни решенија за даватели на финансиски услуги. Кабелските оператори можат во целост да се потпрат на сеопфатното меѓународно искуство на R&M во финансискиот сектор. R&M со децении снабдува реномирани банки во Швајцарија. Тие имаат особено високи барања за ИТ инфраструктура, поради нивната водечка улога на пазарот. Неодамна, R&M ја покажа својата специфична експертиза во големите проекти во Цирих, Лондон, Каиро, Аман, Абу Даби, Мумбаj и Шаоксинг. R&M обезбеди меѓународни тимови и локална поддршка за инсталација задачи, обука и обезбедување на квалитет и управување со проекти.
Горди сме што сме официјален застапник и дистрибутер на производите на R&M, компанијата која меѓународно е позната по своите квалитети. За било какви прашања и консултации во врска со палетата на производи достапна кај нас, консултирајте се со нашите продажни лица преку e-mail sales@fibernet.mk или на телефон +389 2 2403 100.