0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

НЕЗАМИСЛИВО Е МОДЕРНО ЖИВЕЕЊЕ БЕЗ МОДЕРНА ТЕХНОЛОГИЈА

Неодамна во населбата Ново Лисиче во општина Аеродром, Скопје на површина од 4200 метри квадратни, се отвори новиот центар Лиса. Станува збор за модерен концепт со многу технологија во него. Во центарот Лиса сместен е нов Super Tinex супермаркет, Cosmo дрогерија, Tinex ToGo, Tinex Home, ресторан Daily и игротека Big Bing. Центарот LISA се состои од приземје и прв кат, а располага и со паркинг на -1 ниво.

За да може целиот овој трговски комплекс да функционира беспрекорно и безбедно, се потрудија екипите на ФИБЕРНЕТ М-К. Имено, во комплекс ЛИСА од нас беше побарано да направиме комплетна мрежна инфраструктура во комбинација со бакарни и оптички кабли. За таа цел употребивме повеќе од 15 километри мрежен кабел Cat6a од брендот R&M и оптички кабел.

За безбедноста на самиот објект, како и за сигурноста на присутните и посетителите во целиот LISА трговски комплекс, вградивме современа опрема за видео надзор од реномираниот бренд DAHUA.

Имено, во објектот е поставен систем за видео надзор со повеќе од 100 камери, меѓу кои и следниве модели:

– DAHUA DH-IPC-HDW4431EMP-AS – станува збор за внатрешна IP камера со заштита од вандалски напади. Располага со HD резолуција од 4 мегапиксели со CMOS сензор со ефективни 2688×1520 пиксели. Камерата има вградено IR LED осветлување на растојание до 50 метри. Камерата има голем агол на видливост и поседува вграден микрофон. Камерата комуницира преку Ethernet RJ-45 10/100 Base-T интерфејс.

– DAHUA DH-HAC-HDW2401MP – внатрешна аналогна HDCVI камера со 4.1 мегапиксели CMOS сензор со резолуција од 2688х1520 пиксели. Оваа камера има инфрацрвено осветлување со голем домет во затемнети услови на работа, а аголот на видливост е доста широк. Камерата користи само 7W моќност з нејзино напојување.

– DAHUA DH-IPC-HFW4431BP-AS – надворешна робусна IP камера со инфрацрвено осветлување во вечерни услови и HD резолуција на снимање чиј сензор има 4 мегапиксели.

– DAHUA DH-HAC-HFW2401DP – надворешна аналогна камера со 4.1 мегапиксели CMOS сензор со резолуција од 2688х1520 пиксели. Кај оваа камера има инфрацрвено осветлување за вечерни услови со голем домет и фокусно растојание од 3.6 милиметри. Оваа камера има дополнително заштитно куќиште што ја прави поиздржлива на надворешни влијанија.

Во однос на електричната инсталација, во трговскиот комплекс LISA инсталирано е напојување за аналогните камери 230VAC/12VDC со засебен осигурувач, минимум 10А или 100W со резервно батериско напојување минимум 7Ah сместено во метален орман.

Поставените безбедносни системи заедно со останатата безбедносна опрема поставена во објектот, гарантираат за безбедноста на посетителите и вработените во центарот LISA.


Многу техника, значи и сигурна енергија на целиот систем. Тимот на ФИБЕРНЕТ М-К и за ова најде соодветно решение, па за таа цел вградивме Delta Power On Line 2kVA/1,8kW, Series RT, Rack 2U/Tower и Delta HPH-Series, Three Phase On-line UPS 20kVA/20kW, 380/400/415V UPS уреди. Соодветно на тоа, како дополнително резервно напојување во LISA трговскиот комплекс испорачан е и AKSA дизел електричен генератор од отворен тип со моќност од 275kVA/220KW со Doosan дизел мотор.


На овој проект нашите екипи работеа интензивно неколку месеци, за на крајот да постигнеме успешен резултат, преточен во уште една успешна приказна на ФИБЕРНЕТ М-К.

Горди сме на ваквата можност за да ги покажеме своите капацитети и квалитети на дело.

mk_MK