0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

Безбедноста на прво место – ФИБЕРНЕТ М-К нуди целосни решенија со видео надзор за вашите приватни и деловни објекти

Безбедноста на прво место – ФИБЕРНЕТ М-К нуди целосни решенија со видео надзор за вашите приватни и деловни објекти

Се повеќе граѓани секојдневно поставуваат видео камери во своите правни субјекти, но и во приватните живеалишта пред се поради безбедносни причини, но и поради тоа што модерното време го налага тоа.

Додека во денешно време може да се најде голем број на видео надзорни камери кои чинат релативно евтино, ретко може да се најде целосна системска поставеност, организираност и квалитетност на истите.

Видео надзорот е во постојан пораст и тоа во различни подрачја. За разлика од порано кога само продавачите на големо или банките користеа видео камери, (заради следење на сопствените објекти и подрачјето околу нив), сега се повеќе приватни субјекти, фирми, како и мали, средни и големи корпорации се повеќе се заложуваат кон зачувување и обезбедување на својот простор со поставување на видео камери.

Исто така со почетокот на 21 век поставувањето на приватни видео камери во домовите е во постојан пораст.

Додека во Македонија во минатото не секој можеше да си дозволи да постави видео камери, денес работите се сменија на позитивно.

Ние во ФИБЕРНЕТ-МК како компанија која 19 години е на пазарот нудиме можности и понуди на видео надзор за сечиј џеб.

Нашите видео безбедносни решенија овозможуваат беспрекорна интеграција на технологија за поголема безбедност денес и утре. ФИБЕРНЕТ М-К обезбедува широк спектар на производи со цел да се одржи способност за надгледување на високо ниво, без оглед на локацијата за инсталација, временската состојба или целта. Вашиот имот и лица може да ги заштитите со помош на:

– Камери (CCTV)
– Видео домофони
– Видео енкодери/декодери
– Софтвер за управување
– Системи за пристап

Без разлика дали барате основни локални системи за видео надзор, или барате вашиот систем да направи повеќе за вашиот бизнис, ние ќе го испорачаме потребното решение.

ФИБЕРНЕТ М-К ви овозможува да изградите посигурен и побезбеден свет за вас и за оние кои ви значат. Наша цел е заштита на животи, имоти и објекти. Портфолиото на услуги за видео безбедност на ФИБЕРНЕТ М-К вклучува:

  • Видео надзор(системи со IP и аналогни камери)
    • Локални, мрежни и веб-базирани опции за складирање видео
    • Видео мониторинг
    • Верификација на видео аларм
    • Следење на видео во живо
    • Напредни можности за видео анализа и известување
    • Интеграција на контрола на упад итн.
mk_MK