0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

ФИБЕРНЕТ се приклучи на иницијативата на спроведување на менторска програма организирана од страна на Impact Wise Solutions

ФИБЕРНЕТ се приклучи на иницијативата на спроведување на менторска програма организирана од страна на Impact Wise Solutions

ФИБЕРНЕТ како родово одговорна компанија која овозможува еднакви можности за вработување и унапредување помеѓу мажите и жените без нивна дискриминација по однос на полот се приклучи на иницијативата на спроведување на менторска програма организирана од страна на Impact Wise Solutions.

Нашата компанија потпишувајќи меморандум и декларација вети дека ќе се залага за еднакви права на работните места помеѓу мажите и жените.

Програмата има за цел поттикнување на инклузивни практики и зголемување на вработеноста на младите жени во генерално машките индустрии каде се вбројува и нашата компанија.

Оваа иницијатива е дел од активноста на USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности Youth Actively Create Opportunities и има за цел да ги отвори вратите за нови перспективи, поддршка и еднакви можности за младите жени во професии каде што традиционално доминираат мажите.

ФИБЕРНЕТ и оваа 2025 година одбележувајќи го својот јубилеј од 20 годишно постоење ќе стави посебен фокус на вработувањата и унапредувањата на жените во нашата компанија како што впрочем тоа го правиме низ годините во низа.

Инаку досегашните истражувања во земјава покажале дека родовото врамнотежно унапредување има позитивно влијание врз работењето на компаниите. Поточно дека тоа придонесува за покреативни процеси и поетичко однесување на компаниите за ефективни деловни резултати и поефикасно финансиско работење како и преземање помали ризици во процесот на донесување на одлуки.

mk_MK