ФИБЕРНЕТ дел од обуката на Delta Electronics EMEA во времетраење од два дена во Германија
Од 15 до 17 октомври минатата недела во Соест Германија се одржа обука во организација на Delta Electronics EMEA на која учество имаше и нашиот техничар за теренски сервис на УПС системите од ФИБЕРНЕТ М-К.

Меѓу десетте колеги од Европа и Азија во тренинг центарот на Delta Electronics свое учество имаше и Дамјан Додевски каде двајца овластени обучувачи од компанијата ги запознаваа учесниците со општите работи на производите за непрекинато напојување како и беше извршена промоција на втората генерација на УПС системите произведени од нивна страна.

По обуката која успешно заврши, во следниот период за сите учесници ќе следува тест кој треба да го решат за да добијат сертификат за да станат лиценцирани сервис партнери на Delta Electronics.
Инаку ова не е прва обука на која учество заземаат вработените од нашата компанија, претходно нашите техничари за теренски сервис на УПС системите беа дел од обуката на Delta Electronics која се одржа во Дубница.

Еден од нашите најголеми приоритети и стимул и во иднина ќе биде инвестирањето во образованието, обуките и унапредувањето на нашите вработени од секоја област.
