0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

Детална презентација на производите на словенечката компанија „Hermi“

Детална презентација на производите на словенечката компанија „Hermi“

Во средата на 26 февруари во нашата компанија ФИБЕРНЕТ се одржа детална презентација на производите на словенечката 🇸🇮 компанија „Hermi“.

На презентацијата беа присутни десетина вработени од нашата компанија од различни сектори, а презентацијата ја одржаа инженерот Јанез Подлипник, како и Симон Стварник кој е на чело на секторот за продажба во компанијата.

Темелната презентација која траеше осум часа имаше за цел да ги презентира производите кои опфаќаат метални кабловски канали, громобранска заштита, конструкција за соларни панели, како и пренапонска заштита.

Освен тоа двајцата претставници на „Hermi“ имаа можност да се запознаат одблиску со дејноста во која успешно работиме 20 години наназад.

Инаку ова не е прва наша соработка со словенечкиот бренд, во 2022-та година тим од наши инженери беа на обука во компанијата во Цеље.

Во меѓувреме по завршување на успешната презентација оваа недела, договоривме следна средба за понатамошна идна соработка во месец мај.

  

mk_MK