0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

ФИБЕРНЕТ дел од обуката за прецизна климатизација на дата центри во организација на „Schneider Electric“ во Италија

ФИБЕРНЕТ дел од обуката за прецизна климатизација на дата центри во организација на „Schneider Electric“ во Италија

Нашиот инженер Ненад Танчев заедно со директорот за продажба во Фибернет Максим Илиевски од 10-ти до 12-ти февруари беа дел од обуката за прецизна климатизација на дата центри во организација на „Schneider Electric“ која се одржа во Конселве, Италија.

Оваа обука беше наменета за технички специјалисти за продажба и претпродажба, а главниот фокус беше ставен на сервисни инсталации и услуги за одржување.

Освен од Македонија учество заземаа и колегите од Албанија, Унгарија, Холандија, Романија, Италија, Грузија, Велика Британија, Полска и Израел.

Инаку ова не е првпат нашата компанија да заземе учество на оваа обука организирана од „Schneider Electric“.

По обуката учесниците ќе се стекнат со сертификат за продажба и сервисирање на климатизација на дата центри.

   

mk_MK