СРЕЌЕН 19-ТИ РОДЕНДЕН ФИБЕРНЕТ
На прагот на Новата година, нашата компанија имаше повод плус за прослава во месец декември.



Изминаа 19 години откако се роди идејата за нашата компанија ФИБЕРНЕТ, а по тој повод уште еднаш на едно место беа собрани близу 170 гости, и тоа наши вработени, клиенти, и многу бројни соработници кои се заедно со нас сите овие години.

ФИБЕРНЕТ е компанија која го цени секој еден кој е дел од нашето големо Ф-семејство, па затоа секој гостин имаше персонализирано место за седење со своето име и презиме.

Добрата атмосфера беше збогатена со одлична музика и добра храна, но и со дегустација на вино кое беше точено директно од бочва од нашиот македонски бренд од Кавадарци, „Винарија Наумчев“.


Десетте хостеси топло пречекувајќи ги на црвен килим нашите гости додека сините рефлектори им ја осветлуваа патеката на крајот од вечерта ги испративме со брендирано црвено вино кое е за оние со префинет вкус, запечатувајќи го своето присуство потпишувајќи се на дрвената бочва која е сведок на нашата 19 годишнина.


Додека оваа 2024 година ја оставаме зад нас ги сумираме сите признанија и награди кои сме ги добиле, а тие несомнено се многу на број.
Во исто време мора да потенцираме дека идната 2025 година е клучна за На, затоа чекајќи го големиот јубилеј и во иднина ќе целиме кон поголема свест за одржување на еколошката, социјалната и хуманитарната свест како што патем тоа го правиме сиве овие 19 години.

