Expired Listing
Локација Skopje
Type:
Employee: FIBERNET M-K
ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:
МАГАЦИОНЕР
Работни задачи:
- Вршење достава на роба од магацин до клиенти
- Извршување на сите работи поврзани за магацинот и стоките кои се наоѓаат во него
- Преземање на стоки од производствени простории во магацини
- Прием на роба во магацин
- Издавање роба од магацин
- Организирање, распределување и сместување на стоки во магацин
- Утовар и истовар со вилушкар
- Логистичка поддршка на секторите за продажба и дистрибуција
- Следење и извршување пописни активности на стоки во магацин
- Контрола и следење на материјално работење во магацинот
Потребни квалификации и способности:
- Минимум средно образование
- Возачка дозвола Б категорија, со минимум искуство 5 години во сообраќај
- За предност ќе се смета возачка дозвола Ц категорија со искуство во сообраќај
- Познавање на англиски јазик и работа со Office апликации
- Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
- Способност за самостојна и тимска работа
- Педантност и организираност во работењето
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, тогаш аплицирајте на vrabotuvanje@fibernet.mk и наведете го името на огласот.