Expired Listing
Локација
Type:
Employee:
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:
ЕКОНОМИСТ
за сектор НАПОЈУВАЊЕ (дизел електрични генератори, UPS уреди, електрични инсталации, резервно напојување, монтажа и одржување на базни станици за мобилни оператори)
Работни задачи:
– Набавка на материјали за инсталатерските тимови
– Пресметка на сработени активности
– Директна комуникација и координација помеѓу телеком операторите и инсталатерските тимови
– Евиденција на документи во програм Excel, соодветно од видот на документот
– Изготвување на фактури за извршени услуги
– Споредби, контроли, анализи и извештаи на дневно, месечно и 6-месечно ниво
– Придржување во целост на интерните политики и процедури
Потребни квалификации и способности:
– Завршено средно образование во соодветната област (за предност ќе се смета високо образование, по можност економски или технички факултет)
– Задолжително познавање на MS Office пакетот (за предност ќе се смета напредно познавање и искуство во негово работење)
– Пожелно е но, не и задолжително претходно работно искуство на наведената позиција
– Високо развиени аналитички и комуникациски и презентерски способности, вештини за организирање
– Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
– Познавање на англиски јазик
– Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
– Способност за самостојна и тимска работа
– Стрпливост и развиено чувство за детекција на грешки
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, тогаш кликнете ТУКА за да аплицирате БРЗО и ЛЕСНО преку формата за аплицирање, со избор на огласот.