Expired Listing

Локација Skopje

Type:

Employee: FIBERNET M-K

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

ПРОЕКТ МЕНАЏЕР

Работни задачи:

  • Дa менаџира повеќе проекти со надворешни тимови
  • Да иницира проекти, да ги планира и менаџира истите, со цел да се испорачаат на време и во рамките на буџетот, согласно на корисничките спецификации, потребите и квалитетот
  • Да учествува во менаџирање во повеќе тимови од повеќе испорачатели
  • Да подготвува периодични и специјални извештаи
  • Управување со засегнати страни
  • Управување со проектниот план, проектни распореди, работни часови, водење евиденција за трошоци
  • Изготвување на анализи и организациони стратегиски планови и прегледи
  • Одржување и мониторинг на работата, евалуација на перформанси, подготовка на акциони планови и нивна имплементација
  • Да менаџира интерни тимови со повеќе од 10 луѓе
  • Работните задачи на позиција проект менаџер се однесуваат за сектор СЛАБОСТРУЈНИ и ЈАКОСТРУНИ ИНСТАЛАЦИИ

Потребни квалификации:

  • За предност ќе се смета универзитетска диплома и претходни обуки за проектен менаџмент
  • Компјутерска писменост и напредно владеење на MS Office пакет програми
  • Повеќе од 2 години активно искуство во водење на проекти
  • Добро познавање на англиски/усна и писмена комуникација
  • Активно познавање на технички англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
  • Да поседува одлична комуникација и вештини со клиенти
  • Проактивен начин на решавање на проблемите, олеснување на дискусија, донесување одлуки и решавање конфликти
  • Фокус на решенија

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, тогаш аплицирајте на vrabotuvanje@fibernet.mk и наведете го името на огласот.