Expired Listing
Локација Skopje
Type:
Employee: FIBERNET M-K
ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на две позиции:
МОНТАЖЕР НА СЛАБОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ и МОНТАЖЕР НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ УСЛУГИ
Работни задачи за МОНТАЖЕР НА СЛАБОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ:
- Инсталација на слабострујни кабли во деловни, индустриски и станбени објекти
- Изведба, монтажа и пуштање на работа на системи за видео надзор и аларми, противпожарна заштита, контрола на пристап
Работни задачи за МОНТАЖЕР НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ УСЛУГИ:
- Изведба на телекомуникациска мрежа преку оптичка инфраструктура во станбени објекти
- Подготовка на инсталација кај краен корисник
- Сетирање на корисничка опрема
Потребни квалификации и способности:
- Минимум средно образование
- Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
- Познавање на англиски јазик
- Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
- Комуникациски вештини
- Способност за самостојна и тимска работа
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, тогаш аплицирајте на vrabotuvanje@fibernet.mk и наведете го името на огласот.