Expired Listing

Локација

Type:

Employee:

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР за слабострујни системи

Кандидатот треба да има познавање на следните безбедносни системи:

  • Видео Надзор
  • Автоматска детекција и дојава на пожар
  • Контрола и евиденција на пристап со картички, видеодомофонија и домофонија
  • Механички бариери (врати и рампи) за контрола на движење на луѓе и возила
  • Системи за јавна објава и озвучување

Кандидатот ќе треба да ги извршува следните активности:

  • Изработување на  првична проценка на обемот на работа, распоредот и ресурсите потребни за успешно завршување на проект
  • Координација, надзор и учество во изведба на договорените проекти
  • Разработка на идејни решенија за конкретен објект
  • Води и изготвува градежни дневници и градежни книги, месечни извештаи за проектите со кој управува
  • Подготвува и ги кооринира набавките на потребените инсталациони материјали и опрема
  • Координација со инвеститорот, надзорниот инженер и останатите изведувачи за време на реализација на проектот

Потребни квалификации и способности:

  • Високо образование електротехничка струка
  • Работа на проекти и монтажи/инсталации за бараните системи
  • Познавање на AutoCAD, MS Office, Visio, Corel DRAW
  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
  • Напредно познавање на англиски јазик
  • Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
  • Комуникациски вештини
  • Способност за самостојна и тимска работа

Компанијата нуди:

  • Загарантирана плата која ќе биде во постојан раст и бонуси
  • Загарантирана работа со долгорочни планови и договори
  • Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, тогаш аплицирајте на vrabotuvanje@fibernet.mk и наведете го името на огласот.