Availabilty:

Expire on: 06/20/2022

Локација

Type:

Employee:

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

ЕКОНОМИСТ

Работни задачи:

  • Книжење на финансиската и материјална документација;
  • Контрола и водење на архива на фактури;
  • Наплата од клиенти;
  • Финансиско контроли, споредби, анализи и извештаи на дневно, месечно и 6-месечно ниво
  • Сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи;
  • Придржување во целост на интерните политики и процедури;
  • Учество во проекти, меѓусекторска иницијатива и задачи;

 

Потребни квалификации и способности:

  • Високо образование – Економски факултет;
  • Поседување лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност;
  • Задолжително познавање на MS Office пакетот (за предност ќе се смета напредно познавање и искуство во негово работење);
  • Работењето во PANTHEON ќе се смета за предност;
  • Задолжително претходно работно искуство на наведената позиција;
  • Високо развиени аналитички и комуникациски и презентерски способности, вештини за организирање;
  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај ќе се смета за предност;
  • Познавање на целокупно материјално и финансово работење;
  • Активно познавање и следење на новите законски прописи;
  • Познавање на англиски јазик;

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV преку брза апликација или на следната емаил адреса vrabotuvanje@fibernet.mk

– или –

Прикачи CV