Expired Listing

Локација Skopje

Type:

Employee: FIBERNET M-K

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позициja:

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ (ЕКОНОМИСТ ИЛИ ПРАВНИК)

Работни задачи:

  • Административно и канцелариско работење
  • Обработка на нарачки
  • Побарување наплата од клиенти
  • Пресметка на сработени активности
  • Евиденција на документи во програм Excel, соодветно од видот на документот
  • Изготвување на фактури за извршени услуги
  • Споредби, контроли, анализи и извештаи на дневно, месечно и 6-месечно ниво

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование во соодветната област (за предност ќе се смета високо образование, по можност економски или правен факултет)
  • Задолжително познавање на MS Office пакетот (за предност ќе се смета напредно познавање и искуство во негово работење)
  • Претходно работно искуство во областа ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
  • Познавање на англиски јазик
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Стрпливост и развиено чувство за детекција на грешки

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, тогаш аплицирајте на vrabotuvanje@fibernet.mk и наведете го името на огласот.