Expired Listing

Локација Skopje

Type:

Employee: FIBERNET Import Export DOO Skopje

 

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК

Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работни задачи:

  • Познавање на материјално и финансиско работење
  • Познавањеод областа на работа во сервис на Системи за Напојување (УПСи, Дизел Електрични Генератори, Батерии, Фотонапонски Системи,  Полначи за Електро автомобили, електрични инсталции)
  • Изготвување на понуди
  • Изготвување на фактури за извршени услуги
  • Прием на Нарачки од странски добавувачи во Систем

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршено Високо образование по можност економски факултет или електро факултет;
  • Работењето во PANTHEON  ќе се смета за предност;
  • Задолжително претходно работно искуство на наведената позиција или слична област;
  • Задолжително познавање на MS Office пакетот;
  • Познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
  • Возачка дозвола Б категорија

 

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV на следната емаил адреса vrabotuvanje@fibernet.mk.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Прикачи CV