Expired Listing

Локација Skopje

Type:

Employee: FIBERNET M-K

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на две позиции:

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

Работни задачи:

  • Аквизиција на нови локации за телекомуникациски објекти
  • Водење на постапка за легализација на телекомуникациски објекти
  • Одржување на комуникација со постоечки и нови клиенти, водење преговори и склучување на договори за закуп
  • Изработка на дописи до приватни закуподавачи или јавни институции за телекомуникациски објекти
  • Поднесување проектна документација, следење на процедурата за одобрение за градба
  • Аплицирање во релевантни институции за добивање на имотен лист
  • Следење на процедурата и обезбедување на имотен лист за телекомуникациска инфраструктура и пропратни објекти

Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование
  • Пожелно претходно искуство со постапки за легализација
  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Пожелно е поседување на препораки од претходни работодавачи

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, тогаш аплицирајте на vrabotuvanje@fibernet.mk и наведете го името на огласот.