ФИБЕРНЕТ дел од дегустацијата на вина во организација на „Друштвото на словенечки и македонски стопанственици“ во Винаријата „Дане Хермес
Во организација на „Друштвото на словенечки и македонски стопанственици ДСМС– Скопје“, нашата компанија ФИБЕРНЕТ на чело со нашиот директор за продажба, Максим Илиевски изминатата недела беше поканет на дегустација на вина во Винарија „Дане Хермес, Wine Estate“.

ДСМС – Скопје во пресрет на новогодишните празници на едно место ги собра нејзините членки, а меѓу нив освен ФИБЕРНЕТ членуваат и: Триглав Осигурување, РСМ, Avant Car, Шпедиција Виатор и Вектор, адвокат Бранко Радојчиќ, Chapter 4, IGM Trade, Контрон МК, Винарија „Дане Хермес, Wine Estate“, како и многу други…

На врвната дегустација на вино и храна беше присутен и претставник од словенечката амбасада во Република Македонија.
Присутните имаа можност да се запознаат со целокупниот процес на изработка на виното, складирање, чување како и да научат многу повеќе како да препознаат квалитетно вино според нивната боја, мирис и вкус.

Сето тоа беше презентирано од Дане Јованов, кој е еден од најпознатите енолози и доктор по енологија (единствен во овој момент кој се занимава со активно производство на вино).
Тој своето долгогодишно искуство го има стекнато со преку 22 берби, а во 2020 година се решава да ја создаде винаријата која е една од првите регистрирани семејни винарии во Македонија.

Неговиот труд и заложба денес резлутираат со годишно производство на 30.000 шишиња со врвен квалитет, односно по околу 3.000/4.000 шишиња по етикета.

Меѓу вината во кои уживаа гостите беа и: Вранец, Пинот Ноар, Пино Гринџо, Оља Розе од сортата Сирах и Темјаника како и многу други…

Меѓу оние кои досега имаат оставено потпис на неговите бочви во винаријата биле и познатиот хрватски пејач Петар Грашо, Јапонскиот амбасадор во земјава, амбасадорката на САД и многу други.

