0%

Phone:

+389 (0)2 2403-100

E-mail:

sales@fibernet.mk

Blog

Нашиот техничар за теренски сервис на УПС системи дел од четиридневна обука на нашиот партнер EATON во Прага

Нашиот техничар за теренски сервис на УПС системи дел од четиридневна обука на нашиот партнер EATON во Прага

Изминатиот период еден од нашите вработени беше дел од четиридневната обука на нашиот партнер EATON која се одржа во Прага, главниот град на Чешка.

Станува збор за нашиот техничар за теренски сервис на УПС системи, Милован Јовановски кој беше во друштво на колеги од Словенија, Босна и Херцеговина, како и Хрватска.

Двајцата обучувачи имаа за цел да им ги пренесат знаењата за новата генерација на УПС уредите од брендот EATON, како се врши нивно професионално поврзување, одржување и сервисирање.

На тренинзите на лице место се вршеше технички сервис вклучувајќи приклучување, расклопување, како и обука за сите внатрешни елементи на батериите, како и нивниот нов состав.

Инаку ова не е прва ваква обука на која учество заземаат вработените од нашата компанија и во минатото ФИБЕРНЕТ била дел од обуките организирани од EATON, а една од нашите најголеми приоритети и стимул и во иднина ќе биде инвестирањето во образованието, обуките и унапредувањето на нашите вработени од секоја област.

    

en_GB