Во организација на ФИБЕРНЕТ и Schneider Electric одржана „Професионална техничка презентација за проектанти и надзори“
Вчера ФИБЕРНЕТ во соработка со нашиот партнер Schneider Electric во хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје одржа „Професионална техничка презентација за проектанти и надзори“.


Триесетината присутни од проектантската и инженерската фела имаа можност да бидат сведоци на богатите презентации на тројцата соговорници од Schneider Electric на тема „BUILDINGS OF THE FUTURE“.

Станува збор за Димитар Манков од Бугарија, Јурген Туга и Васил Коста од Албанија кои го елаборираа брзиот развој и напредок на технологијата, особено на технолошкиот развој на нивните производи.

На презентацијата да се уверат за квалитетот на нашиот долгогодишен партнер имаа можност и нашиот генерален менаџер Бранислав Илиевски и директор за продажба Максим Илиевски.

Директорот за продажба се заблагодари на одѕивот на ценетите проектанти и инженери и потврди дека не очекува уште долги години соработка со Schneider Electric.

Додека течеше презентацијата учесниците имаа можност од блиску да се запознаат и со нашите врвно изработени дистрибутивни ормани кои се направени од нерѓосувачки челик и се погодни за употреба во индустриски хали, претпријатија или во мрежни околини.

Нашите електричните ормани се со високи перформанси и имаат конкурентна цена на пазарот.
Исто така беше поставен и еден УПС уред кои служи за back up напојување во случај на прекин на електрична енергија за потрошувачите да останат активни и да нема никаков прекин.
