15/05/2025 |
Success stories
Монтажа на нова базна станица во главниот град во висина од 10 метри
Една од стручните екипи на Фибернет целосно изработи и изврши монтажа на базна станица во висина од 10 метри.

Станува збор за базната станица Караорман која е поставена на претходно изработена платформа со стаза на покривот од еден деловен објект во нашиот главен град.

Истата поседува и електро ормар за напојување со струја, а од наша страна беше извршен и довод на струја од главната доводна табла во овој објект.

Целта на оваа базна станица е подобрување на целуларната структура на мобилните оператори за постигнување на 5G сервиси до крајните корисници.
