0%

Phone:

+389 (0)2 2403-100

E-mail:

sales@fibernet.mk

Blog

НОВОМАТИК ПРИСПОСОБЕН ЗА РАБОТА СПОРЕД СИТЕ СВЕТСКИ СТАНДАРДИ

НОВОМАТИК ПРИСПОСОБЕН ЗА РАБОТА СПОРЕД СИТЕ СВЕТСКИ СТАНДАРДИ

Светскиот бренд Новоматик со над 2.000 вработени веќе 18 години е присутен на македонскиот пазар на игри на среќа и истиот е составен од четири посебни правни субјекти: ХТЛ Македонија, Мастербет (Астра Електронски Казина), МА Гаминг (Адмирал Електронски Казина) и Макотен (Казино Фламинго во Скопје и Гевгелија).

Тие се дел од огромното Новоматик семејство од 30.000 вработени во поврзани компании во 50 различни држави во светот.

Корпоративната зграда на Новоматик се протега на 3.5 илјади метри квадратни во која се сместени четири различни корисници, а ФИБЕРНЕТ за секој од нив изврши поставување и пуштање во работа на главни разводни табли, осветлување во целиот објект, поставување на кабловски регали, монтажа и пуштање на кабли за слабострујни и јакостријни инсталации, поставување и поврзување на УПС системи од брендот APC by Schneider Electric со јачина од 40 kVA , како и пуштање во работа на дизел електричен агрегат со моќност од 510 kVA.


Во самиот објект имаме поставено преку 600 метри кабловски регали со различни димензии каде што се водеа кабли за LAN инсталација и тоа кат.6А со вкупна должина од 32 километри како и енергетски кабли со вкупна должина од 24 километри.

 

Во самиот објект беа поставени и доводни кабли за поврзување на трафостаница со моќност од 630 kVA како би можело да се опслужи целиот објект, бидејќи тогашното напојување не ги задоволувале потребите на инвеститорот.

На секој од спратовите и во долниот магацински простор е поставен противпожарен систем на INIM согласно стандардите за пожарни системи, а исто така поставен и пуштен во работа е и комплетен систем за видео надзор (CCTV) од брендот DAHUA со снимачи во внатрешниот и надворешниот дел во објектот.

Во однос на контролата на пристап поставен беше систем од брендот JANTAR, а согласно барањата на крајниот корисник самата зграда беше поделена на четири дела каде во секој објект одделно има ограничување на пристап.

Во однос на осветлувањето користени се панични светилки од брендот OLYMPIA кои што се поставени на соодветни места во случај на приморано напуштање на објектот.

Во делот за напојување поставени се главни разводни табли за сите четири правни субјекти и дел на УПС табли кои би имале комплетно непречено напојување со струја.

en_GB