0%

Phone:

+389 (0)2 2403-100

E-mail:

sales@fibernet.mk

Blog

НОВ СУПЕР ТИНЕКС ВО НОВИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ПРИЛЕП

Неодамна се отвори нов супермаркет од ланецот маркети TINEX во центарот на Прилеп. Како бренд кој континуирано се стреми кон квалитет со строги критериуми, од нас беше побарано да се вклучиме во целосната изведба на електричната инсталација во објектот, вклучувајќи ги и слабострујните и јакострујните инсталации.

Super TINEX објектот е лоциран во приземјето на новиот трговски центар во централното градско подрачје на Прилеп. Спроти Градскиот пазар на пешачката улица Методија Шаторов Шарло, граѓаните на Прилеп добија нов и луксузен пристап до модерното пазарување. Супермаркетот располага со сопствен подземен паркинг со капацитет од 38 паркинг места.

Капацитетот на маркетот е 870 квадратни метри и 290 квадратни метри магацински простор. Богатиот и разновиден асортиман од над 8000 производи и 5 наплатни каси, нудат одлична услуга на своите потрошувачи.

Одличен акцент е ставен на модерната пиљара со голем избор на свежо овошје и зеленчук, месарница за продажба на свежо и преработено месо, сувомеснати и млечни деликатеси, потоа богата винарија со избор на вина за сечиј вкус и други пијалоци.
Маркетот располага со сопствена пекара, оддел за домашно приготвени јадења и уште многу други содржини.

Новиот трговски центар, во чиј склоп е новиот Super TINEX, има вкупна површина од 4300 квадратни метри. Во него, покрај модерниот супермаркет, ќе има различни услужни капацитети како, ресторан, продажни салони за облека, менувачница и слично.

За да можат сите овие капацитет со критични потрошувачи да функционираат беспрекорно и без прекин, се погрижија стручните лица (инженери и техничари) на ФИБЕРНЕТ М-К. Во првата етапа, од нас беше побарано да направиме структурно каблирање за потребите на телефонската и компјутерската инсталација, со цел секој корисник да добие директна линија за поврзување со надворешна ПТТ мрежа. За оваа намена, во однос на пасивната опрема, користевме фибер оптички и бакарни кабли. Кај активната опрема, за потребите на административниот сектор, поврзавме телефонска централа со доволен број на локални линии за секој корисник. Сето ова го сместивме во специјализиран телекомуникациски кабинет, опремен со соодветни patch панели.

Имено, не е толку важно користењето на најновите технологии, туку нивното правилно функционирање со цел искористување на нивните бенефити.

Нашите технологии може да се сретнат насекаде во објектот. Почнувајќи од најдолу, гаражниот простор, обезбедивме паметно решение за спроведување на кабелската инфраструктура. Оваа практика ја применивме во целиот објект, согласно критериумите и стандардите на клиентот.

Тука се погриживме и за осветлувањето и контролата на пристап во самата гаража. На сите излезни места поставени се светлосни обележувачи за итни случаи т.н. панични светла. Дека безбедноста и сигурноста е загарантирана за посетителите, сведочат безбедносните камери, со дневен и ноќен режим, поставени на клучните места во објектот.

Во прилог на безбедноста, се погриживме и за монтажа и инсталација на системот за противпожарна заштита според најстроги норми по стандардот MK-EN54. Тој вклучува систем за откривање, јавување и алармирање на пожар, базиран на програмабилна микропроцесорски управувана централа. Инсталацијата за оваа централа, ја направивме според стандардите, и тоа користевме незапалив кабел, без халогени супстанци во изолацијата.

Следејќи го модерното живеење, во целиот објект вградивме и инсталиравме аудио разгласен систем со јавна дојава. Тој овозможува учество на повеќе корисници како и интеграција во даден случај на пренос на алармни сигнали со повисок приоритет.

На следното ниво е супермаркетот. Тука, пак, се погриживме за комплетното осветлување, а особен акцент ставивме на модерната пиљара со несекојдневен начин на осветлување во рустичен стил. Истото се однесува и за месарницата, кај која раскошот го дополнивме со модерни вградени светла. Комплетното осветлување во целиот трговски центар се базира на LED технологија, овозможувајќи поприродна светлина со големо ниво на заштеда.

За потребите на сите локали во трговскиот центар, вклучително супермаркетот и гаражниот простор, проектиравме, шемиравме и инсталиравме, ни повеќе ни помалку, туку точно 44 електрични табли. Некои од нив вградени во ѕидовите, а некои од нив во самостоечки електрични ормани. Тие се задолжени се правилно распределување и искористување на електричната енергија согласно типот на потрошивачите.

Имплементација направивме и во делот на резервно напојување. Монтиравме и инсталиравме системи за непрекинато напојување – УПС. Благодарение на овие системи, загарантирана е сигурна и непрекината работа на сите критични потрошувачи во Super TINEX маркетот и целиот трговски центар.

Во случај на целосен прекин на електричната енергија во објектот, се активира дизел електричен генератор со моќност од 185kVA, кој го монтиравме и инсталиравме за напојување на најкритичните потрошувачи.

Со ова комплетиравме уште еден обемен проект во низата успешни проекти.

en_GB