ФИБЕРНЕТ М-К добитник на наградата БИЗНИС ЛИДЕР во категоријата „ТОП 500 по нето добивка и број на вработени за 2023 година“
ФИБЕРНЕТ М-К добитник на наградата БИЗНИС ЛИДЕР во категоријата „ТОП 500 по нето добивка и број на вработени за 2023 година“.
Вчеравечер во хотелот „Александар Палас“ се одржа првото издание на гламурозната церемонија на која се доделија престижните награди „Бизнис Лидер“.

Врз основа на строго определени критериуми, вчеравечер, беа наградени лидерите на најуспешните македонски компании за 2023 година од повеќе индустриски гранки кои покажаа исклучителни достигнувања во секојдневното деловно работење и придонесоа за економскиот раст и развој на Македонија.
Меѓу наградените со гордост споделуваме дека беше и нашата компанија и нашите генерален менаџер и директорот за продажба, Бранислав и Максим Илиевски и тоа во категоријата „ТОП 500 по нето добивка и број на вработени за 2023 година“.

Ова признание е само уште еден доказ за нашиот брз развој следејќи ги новите технолошки достигнувања, инвестирањето во работната сила како и нашата цел за поголема свесност за општествена одговорност на секое поле.
ФИБЕРНЕТ М-К не само што е една од најуспешните компании во македонскиот деловен свет во изминатите 19 години, туку е и ЛИДЕР во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на слабострујни системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација и дата центри.
