0%

Phone:

+389 (0)2 2403-100

E-mail:

sales@fibernet.mk

Blog

QUEHENBERGER LOGISTICS  проект на кој е горд ФИБЕРНЕТ

QUEHENBERGER LOGISTICS проект на кој е горд ФИБЕРНЕТ

Неодамна во индустриската зона Ќојлија во општината Петровец беше изграден нов објект со површина од 13.000 метри квадратни чија намена е магацинско работење на светски познатиот бренд Quehenberger logistics.

Станува збор за модерен концепт на магацин за нашиот премиум клиент со лесен пристап на клиентите и вработените до него и во него.

Со цел олеснување на транспортот и логистиката на компанијата ние како ФИБЕРНЕТ се погриживме да ја направиме целата инсталација, како и да се погрижиме за безбедноста на самиот објект, но и сигурноста на вработените додека се на своите работни места.

Тоа го направивме вградувајќи современа опрема за видео надзор од реномираниот бренд DAHUA. Во објектот нашиот тим од професионални електричари изработи 19 разводни табли со индустриски приклучоци чија намена е напојување на полначи за електрични виљушкари.

Во рамките на слабострујните инсталации од наша страна беа инсталирани 79 камери од брендот DAHUA, со три снимачи NVR 32 канални кој ги чуваат видео снимките од камерите во рок од 30 дена, шест оптички свича кои се врзани на мултимодна оптичка инсталација, како и компјутерска мрежа во целиот објект и акцест поинти во целиот објект за непрекинато бежично поврзување со персоналот и уредите во објектот.

За монтажа на активната опрема на слабострујните инсталации, инсталирани се четири рек ормари од кои, три за ѕидна монтажа и еден слободно стоечки во кој е предвидено соодветна вентилација.

По инсталацијата од наша страна се направени сите тестирања и мерења на компјутерската инсталација според сите интернационални стандарди.

За сите овие потреби инсталирани се над 11 километри мрежен кабел категорија 6А.

За потребите за електрично напојување на објектот, ние инсталиравме повеќе од 10 километри енергетски кабли со различни димензии исто така изработивме и монтиравме четири енергетски разводни ормари за комплетна заштита на инсталацијата во објектот и тоа GRT,RT-1,RT-2, и RT-3.

На целиот проект нашите стручни екипи работеа активно речиси осум месеци.

en_GB