НОВО МОДЕРНО КАЗИНО „CITY“ ВО НОВИОТ „GODI RETAIL PARK“
За потребите на казино Сити објект Годел направени се слабострујни и јакострујни инсталации, разводни табли, како и поставување на сигурносни системи и уреди за непрекинато напојување со струја.

Во период од два месеци континуирана работа во казиното, нашите стручни екипи поставија 5.3 километри ЛАН инсталациски кабел категорија шест А, 4.500 метри енергетски кабли поставени во кабловски регали за инсталација на осветлување, за инсталација на енергетски шуко приклучоци, како и за инсталација на доводни кабли за поврзување на главна разводна табла.

Во објектот исто така е поставена и електрична приклучна галантерија како и подни кутии на три различни позиции.

Изведена е и громобранска инсталација и заземнување на самиот објект, бидејќи постоечкиот објект ја немаше потребната.
Во објектот се поставени, инсталирани и пуштени во работа неколку различни системи и тоа систем за автоматска дојава за пожар со преку 30 детектори како и јавувачи, поставен е систем за видео надзор со преку 30 камери за внатрешна и надворешна монтажа како и соодветни снимачи.
Во објектот е поставен систем за аларм каде што е монтирана и пуштена во употреба централа за аларам како и ПИР сензори за движење низ самиот објект.

На различни врати е поставен систем за контрола за пристап и систем за работно време, поради природата на нешта поставен и е систем за јавна дојава каде што се поставени преку 15 вградени звучници.
По барање на инвеститорот изведено е осветлување со лед ленти во различни каскади на плафонот и поставени се тела за општо осветлување.

Во сервер собата поставен е уред за непрекинато напојување (УПС) со јачина од 40 KVA и е пуштен во работа за да ги опслужува бараните потрошувачи.


