Expired Listing

Локација

Type:

Employee:

Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје како целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот, опслужува компании од сите сектори. ФИБЕРНЕТ М-К се наоѓа меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на нисконапонски системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тимот се состои од квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот континуирано расте и во моментов во моментов имаме потреба од вработување на нови лица на позиција МОНТАЖЕРИ ЗА НИСКОНАПОНСКИ И ВИСОКОНАПОНСКИ ИНСТАЛАЦИИ за ПРИЛЕП и БИТОЛА.

МОНТАЖЕРИ MT-FIB/002
за нисконапонски и високонапонски инсталаци за Прилеп и Битола!

Работни задачи:
– Инсталирање на мрежна опрема кај корисник
– Инсталирање на нисконапонски инсталациони кабли и системи
– Изведба на високонапонски електро инсталации (напојување, осветлување, изводи, приклучници и слично) и нивно одржување
– Монтажа на опрема и материјали за системи за автоматика
– Инсталација на нови системи, поврзување и пуштање во активна работа

Потребни квалификации:
– Минимум средно образование
– Поседување на возачка дозвола од Б категорија, со искуство во сообраќај
– Подготвеност за тимска и самостојна работа на зададени рокови
– Прецизност и работливост
– За предност се смета претходно работно искуство во ИТ компанија
– За предност се смета препораки од претходни работодавачи

На кандидатите им нудиме:
– Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
– Употреба на современи технологии и опрема
– Континуирано усовршување и едукација во сите области (стручни, индивидулни, итн.)
– Можност за напредување
– Работа на големи и комплексни проекти кои нудат предизвици за совладување

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој на вашата кариера и сакате да му се придружите на нашиот успешен тим кој постојано расте, тогаш аплицирајте на vrabotuvanje@fibernet.mk, со назнака МОНТАЖЕР MT-FIB/002.

Може да аплицирате најдоцна до 09.06.2019 година.