Expired Listing
Локација Skopje
Type:
Employee: FIBERNET M-K
ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:
МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР
Работни задачи и одговорности:
- Водење и креирање маркетинг кампањи
- Организирање на настани за потребите на компанијата
- Следење, водење и уредување на сите платформи на социјални медиуми
- Email Маркетинг кампањи
- Водење и уредување содржини на корпоративен вебсајт
- Водење и надградба на постоечки корпоративен идентитет
- Следење и контрола на маркетинг трошоци
- Следење на техничките екипи, фотографирање и снимање на работата и смислување концепт за естетскиот изглед на содржината
- Подготовка на текстови за потребите на компанијата
- Дизајн и изработка на брендирани материјали и нивно пуштање во принт
Потребни квалификации и способности:
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција
- Познавање и работно искуство со програми за графички дизајн и видео монтажа
- Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
- Напредно познавање на англиски јазик и работа со Office апликации
- Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
- Педантност и организираност во работењето
- Одлични вербални и писмени вештини
- Ориентираност кон детали и креативност
- За предност ќе се смета напредно познавање на софтвери за графички дизајн
Работно време и место каде се извршува работата:
- Понеделник-Петок 8:00-16:00 часот
- Работниот ангажман вклучува работа во просториите на ФИБЕРНЕТ.
Доколку ги исполнувате наведените услови, испратете го вашето CV преку полето брза апликација или на следната емаил адреса vrabotuvanje@fibernet.mk
Прикачи CV