Expired Listing

Локација

Type:

Employee:

Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје како целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот, опслужува компании од сите сектори. ФИБЕРНЕТ М-К се наоѓа меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на нисконапонски системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим се состои од квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот континуирано расте и во моментов имаме потреба од вработување на нови лица на позиција ИНСТАЛATЕР НА МРЕЖНА ОПРЕМА.

ИНСТАЛATЕР НА МРЕЖНА ОПРЕМА

Работни задачи:
– Подготовка на внатрешна инсталација кај корисник
– Инсталирање на мрежна опрема кај корисник
– Инсталирање на нисконапонски инсталациони кабли и системи

Потребни квалификации:
– Минимум средно образование
– Поседување на возачка дозвола од Б категорија, со искуство во сообраќај
– Подготвеност за тимска и самостојна работа на зададени рокови
– Прецизност и работливост
– За предност се смета претходно работно искуство во ИТ компанија
– За предност се смета препораки од претходни работодавачи

На кандидатите им нудиме:
– Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
– Употреба на современи технологии и опрема
– Континуирано усовршување и едукација во сите области (стручни, индивидулни, итн.)
– Можност за напредување
– Работа на големи и комплексни проекти кои нудат предизвици за совладување

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој на вашата кариера и сакате да му се придружите на нашиот успешен тим кој постојано расте, тогаш аплицирајте БРЗО и ЛЕСНО преку формата за вработување, со назнака ИНСТАЛATЕР НА МРЕЖНА ОПРЕМА.