Expired Listing

Локација Skopje

Type:

Employee: FIBERNET M-K

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

ТЕХНИЧАР ЗА СЛАБОСТРУЈНИ СИСТЕМИ

Работни задачи:

  • Изведба, монтажа и пуштање на работа на системи за видео надзор и аларми, противпожарна заштита, контрола на пристап и евиденција на работно време
  • Сетирање на софтверски параметри за споменатите слабострујни системи
  • Одржување на пасивни и активни хардверски компоненти поврзани со споменатите слабострујни системи

Потребни квалификации и способности:

  • Минимум средно образование
  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
  • Познавање на англиски јазик
  • Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
  • Комуникациски вештини
  • Способност за самостојна и тимска работа

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, тогаш кликнете ТУКА за да аплицирате БРЗО и ЛЕСНО преку формата за аплицирање, со избор на огласот.
Може да аплицирате и со клик на копчето БРЗА АПЛИКАЦИЈА.