Expired Listing

Локација

Type:

Employee:

Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје како целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот, опслужува компании од сите сектори. ФИБЕРНЕТ М-К се наоѓа меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на нисконапонски системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тимот се состои од квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот континуирано расте и во моментов во моментов имаме потреба од вработување на нови лица на позиција ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР ПРОЕКТАНТ.

ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР ПРОЕКТАНТ EIP-FIB/002


Работни задачи:

– Изработка на идејни, основни и проекти на изведена состојба од областа на телекомуникации
– Изработка на проектна документација за FTTH оптичка мрежа
– Изработка на проектна документација за хибридна оптичко-коаксијална мрежа
– Изработка на проектна документација за нисконапонски електрични инсталации (компјутерска мрежа, видео надзор, телефонска мрежа, контрола на пристап и евиденција на работно време, автоматска детекција и дојава на пожар)

Потребни квалификации:
– Високо образование дипломиран електроинженер
– Активно познавање на AutoCAD и MS Office
– Активно познавање на технички англиски јазик
– Поседување на возачка дозвола Б категорија со искуство во сообраќај
– Одговорност и самоиницијативност при извршување на работните обврски
– Комуникациски вештини и способност за тимска работа
– Способност за работа под притисок на зададени рокови
– За предност ќе се смета претходно искуство на иста или слична позиција (но не е пресудно)
– За предност ќе се смета поседување на овластување за проектирање Б категорија (но не е пресудно)

На кандидатите им нудиме:
– Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
– Употреба на современи технологии и опрема
– Континуирано усовршување и едукација во сите области (стручни, индивидулни, итн.)
– Можност за напредување
– Работа на големи и комплексни проекти кои нудат предизвици за совладување

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој на вашата кариера и сакате да му се придружите на нашиот успешен тим кој постојано расте, тогаш аплицирајте со кратка биографија (CV) на следната e-mail адреса vrabotuvanje@fibernet.mk, со назнака ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР ПРОЕКТАНТ EIP-FIB/002.

Може да аплицирате најдоцна до 06.05.2019 година.