Expired Listing

Локација Skopje

Type:

Employee: FIBERNET M-K

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на две позиции:

ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР ПРОЕКТАНТ

Работни задачи:

  • Изработка на идејни, основни и проекти на изведена состојба од областа на телекомуникации
  • Изработка на проектна документација за FTTH оптичка мрежа
  • Изработка на проектна документација за хибридна оптичко-коаксијална мрежа
  • Изработка на проектна документација за нисконапонски електрични инсталации (компјутерска мрежа, видео надзор, телефонска мрежа, контрола на пристап и евиденција на работно време, автоматска детекција и дојава на пожар)

Потребни квалификации:

  • Високо образование дипломиран електроинженер
  • Активно познавање на AutoCAD и MS Office
  • Активно познавање на технички англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
  • Одговорност и самоиницијативност при извршување на работните обврски
  • Комуникациски вештини и способност за тимска работа
  • За предност ќе се смета претходно искуство на иста или слична позиција (но не е пресудно)
  • За предност ќе се смета поседување на овластување за проектирање Б категорија (но не е пресудно)

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, тогаш аплицирајте на vrabotuvanje@fibernet.mk и наведете го името на огласот.