Expired Listing

Локација Skopje

Type:

Employee: FIBERNET M-K

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

ЕЛЕКТРИЧАР

Работни задачи:

  • Изведба на јакострујни инсталации (напојување, осветлување, изводи, приклучници и слично) и нивно одржување
  • Монтажа на опрема и материјали за системи за автоматика
  • Инсталација на нови системи, поврзување и пуштање во активна работа

Потребни квалификации и способности:

  • Минимум средно образование
  • Пожелно е но, не и задолжително претходно работно искуство на наведената позиција
  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
  • Познавање на англиски јазик
  • Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
  • Способност за самостојна и тимска работа

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, тогаш кликнете ТУКА за да аплицирате БРЗО и ЛЕСНО преку формата за аплицирање, со избор на огласот.
Може да аплицирате и со клик на копчето БРЗА АПЛИКАЦИЈА.